Top Sport

Хамилтон најбрз на втората сесија во Абу Даби

Луис Хамилтон го победи Себастијан Фетел на вториот тренинг на завршното Абу Даби ГП на патеката „Јас Марина“, откако беше 0.149 секунди пред Ферарито на Германецот. Третото место го освои Даниел Рикјардо во Ред бул со 0.164 секунди заостанување.

Макс Ферстапен имаше доста проблеми за да заврши зад Кими Раиконен и Валтери Ботас, меѓутоа тестирањето покажа дека разликата меѓу Мерцедес, Ферари и Ред бул е многу мала и може да не очекува тесна трка.

Хамилтон ја носеше посебната златна кацига за да ја прослави четвртата титула на светот, со која стана третиот најдобар возач во историјата на Ф1, заедно со Себастијан Фетел и Алан Прост, а зад Хуан Мануел Фанџо и Михаел Шумахер.

Scroll to Top