Top Sport

Гофан го „здроби“ Пуј за Белгија да поведе во Дејвис куп финалето (видео)

Давид Гофан немаше многу време за одмор по поразот во финалето на АТП финалето во Лондон, но тоа не го вознемири и тој го „уништи“ Лукас Пуј со 7:5/6:3/6:1 во првиот меч од Дејвис куп финалето за на Белгија да ѝ донесе 1:0 водство против Франција во Лил.

Светскиот рекет број 7 ја заврши работата за час и 59 минути, замолчувајќи ја фудбалски настроената публика во северна Франција. Гофан ја контролираше играта од почетокот од крајот, постигнувајќи 11 аса, и во ниту еден момент не се соочи со брејк-поен.

Ова беше фантастична 20. победа во сингл во Дејвис купот за Гофан во само 23 меча. Сега, на ред е Жо-Вилфрид Цонга, кој ќе се обиде да го победи Стив Дарси во вториот сингл меч на стадионот „Пјер Моро“ во Лил.

Scroll to Top