Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас, открил дека минатата сезона во Мерцедес останал без одредени бонуси. Финецот не заработил дополнителни пари бидејќи Луис Хамилтон не успеа да ја освои шампионската титула.
„Одредени бонуси беа поврзани со одредени успеси на тимот. Среќа то не ми платија однапред“, рекол Блтас, но не открил дали станува збор за илјадници или милиони евра.
Финецот по пет години го напушти Мерцедес, кариерата ќе ја продолжи во Алфа Ромео. Ботас го вперил прстот во Мерцедес велејќи дека по заминувањето му станало јасно како се чувствувал Нико Розберг.
„Се сеќавам дека Нико и Луис се бореа со години, дуеи во еден момент работите добија политичка димензија. Но кога дојдов во Мерцедес се запрашав зошто Нико одеднаш запре. Сега можам да се ставам во негова кожа“, рекол Ботас и дополнил.
„Кога имате чувство дека на вратот ви држат нож, работите не се сјајни“.