Top Sport

Хамилтон не ја сака титулата по секоја цена

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, се огласи по изјавата на тимскиот шеф, Тото Волф, кој борбата за титулата која ја водат Хамилтон и Макс Ферстапен, ја спореди со онаа која кон крајот на осумдесеттите години од минатито век ја водеа Аиртон Сена и Алан Прост.

Легендарното ривалство на Сена и Прост кулминираше на Големата награда на Јапонија во 1989 година. Тогаш Сена се удри во Прост со намера да влијае во борбата за титулата.

Неодамна, Волф за „Дејли мејл“, рекол дека очекува сличено сценарио во борбата помеѓу Хамилтон и Ферстапен во некоја од наредните трки. Во генералниот пласман Ферстапн има 12 поени повеќе од Хамилтон.

Хамилтон, во пресрет на трката за Големата награда на Мексико, рекол дека не ја прочитал изјавата на Волф, но дека бил сигурен дека таа била погрешно протолкувана.

„Никогаш на таков начин не сме победувале во првенството. Никогаш не сум ја освоил титулата на таков начин, ниту пак сакам така да станам шампион. Овде сум да победам на вистински начин, со вештина, посветеност и напорна работа“, рекол Хамилтон.

Трката во Мексико ќе се вози во недела од 20 часот.

Scroll to Top