Top Sport

Хамилтон: Не постои подобар од мене

Луис Хамилтон преговара со Мерцедес околу новиот договор кој според директорот Тото Волф наскоро ќе биде потпишан. Британецот со новиот договор ќе стане најплатен возач во Формула 1.

„Договорот е финализиран. Ние и Луис сме на иста бранова должина. Но кога еден договор, каков што е неговиот, содржи 100 страници, со многу точки, тој мора да биде внимателно подготвен“, рекол Волф за Спорт билд.

Хамилтон наскоро треба да потпише нов тригодишен договор со Мерцедес. Хамилтон годишно ќе заработува 45 милиони евра.

„Тото го знае она што го знам јас, дека подобар од мене не постои“, самоуверено изјавил актуелниот светски првак.

Според билд пишува дека новиот договор официјално ќе биде потврден пред трката во Хокенхајм.

Scroll to Top