Top Sport

Ѓоковиќ го отпушти и Штепанек

Новак Ѓоковиќ ја раскина соработката и со вториот тренер Радек Штепанек, откако пред три дена објави дека повеќе нема да работи со Андре Агаси.

Ѓоковиќ му се заблагодарил на Штепанек за поддршката што ја добивал од него во изминатиот период, истакнувајќи дека уживал во заедничката работа.
Поранешниот чешки тенисер, во декември минатата година, му се приклучи на тимот на Ѓоковиќ, но ниту тој не му помогна на поранешниот број 1 да се врати во препознатливата форма.

Србинот бележи лоши резултати оваа сезона, на првиот гренд слем во Мелбурн испадна во осмина-финалето, потоа замина на операција, а по враќањето ги губеше првите мечеви на мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Следен турнир на кој ќе настапи Ѓоковиќ е мастерсот во Монте Карло.

Scroll to Top