Top Sport

Хамилтон: Ние водиме само бидејќи Ферари се самоуништија

Луис Хамилтон вели дека тој и Мерцедес се на врвот во генерален пласман само бидејќи Ферари ја „испуштија топката“ во неколку трки оваа година. Хамилтон има 14 поени пред Себастијан Фетел во генерален пласман, додека Мерцедес има 22 поени пред Скудерија.

Лани, Хамилтон стигна до својата четврта светска титула откако Фетел водеше во првиот дел од сезоната, по што имаше судир во Сингапур и маки на трките во Малезија и Јапонија. Оваа година, Фетел не успеа да стигне до победа од пол-позициите во Кина и Азербејџан. Хамилтон и Фетел имаат по две победи оваа сезона, исто колку што има и Даниел Рикјардо во Ред бул.

„Мислам дека во моментов дефинитивно имаме битка на тројца кандидати за титулата, и мислам дека Ферари уште се најсилни. Тие беа брзи во Монако, нивниот болид работи одлично на сите трки, но неколку пати ја ’испуштија топката’ и ние го искористивме тоа. Лично ми се допаѓа оваа ситуација и ова е најголемиот предизвик кој го имам досега“, вели Хамилтон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top