Top Sport

Ѓоковиќ го „здроби“ рекетот, но го победи тажниот Баутиста

Новак Ѓоковиќ го помина првиот сериозен тест на Ролан Гарос, победувајќи го Роберто Баутиста Агут во четири сета во меч полн со нервоза (и со кршење рекети).

Србинот беше неочекувано пасивен во првите два меча против Рожерио Дутра Силва и Хауме Мунар, но покажа дека има жар за борба во 6:4/6:7(8)/7:6(4)/6:2 победата над Шпанецот, негов прв триумф над топ 15 тенисер од Рим 2017 година.

Поранешниот светски број 1 одеше од одлична игра до крајна фрустрација, која се покажа на крајот на вториот сет, кога апсолутно го здроби својот рекет. На крајот, Ѓоковиќ успеа да го „потроши“ својот противник во третиот и четврти сет.

Баутиста Агут трагично остана без својата мајка една недела пред стартот на Ролан Гарос, но ги остави личните проблеми на страна, борејќи се за секоја топка со великанот на другата страна на мрежата.

За Ѓоковиќ сега следува дуел со уште еден Шпанец, Фернандо Вердаско, откако тој го совлада Григор Димитров.

Scroll to Top