Top Sport

Хамилтон остана без третото место во Бразил (Видео)

Луис Хамилтон остана без третото место на трката за Големата награда на Бразил. На патеката Интерлагос победи Макс Ферстапен пред Пјер Гасли.

Светскиот првак доби казна од пет секунди поради инцидентот со Александер Албон во последниот круг. Хамилтон се обиде да го престигне возачот на Ред Бул во борбата за третото место, иницираше контакт, поради што Албон заврши на 14 место.

Третото место на трката му припадна на Карлос Саинц од Мекларен, а Хамилтон во конечниот пласман го освои седмото место.

Конечен пласман во Бразил: Ферстапен, Гасли, Саинц, Раиконен, Џовинаци, Рикардо, Хамилтон, Норис, Перез и Квјат.

Scroll to Top