Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур.
Луис Хамилтон се сеоочил со сериозни физички проблеми по исцрпувачката Голема награда на Сингапур, за време на која возеше 62 круга во екстремна топлина и висока влажност на уличната патека „Марина Беј“.
Возачот на Ферари не се појави пред медиумите по трката поради неговата здравствена состојба, а италијанскиот тим потврди дека му е потребна медицинска помош.
Портпаролот на Ферари потврди дека седумкратниот светски шампион се чувствувал лошо откако излегол од автомобилот и бил прегледан од медицинскиот тим на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
Поради ова, на Хамилтон му беше дадена дозвола да ги прескокне своите вообичаени медиумски должности по трката.
Проблемите на Хамилтон беа дополнително усложнети од стратешка грешка за време на самата трка. Британецот не го послуша повикот на Ферари да влезе во боксот за време на периодот на виртуелното безбедносно возило, принудувајќи го да продолжи да вози на стари, значително истрошени гуми, поради што не успеа да ја одбрани својата позиција во финишот.
Хамилтон постепено ги губеше местата, а беше претекнат од возачот на Мерцедес, Кими Антонели, и двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Иако во еден момент беше во конкуренција за место на подиумот, тој ја заврши трката на шестото место.
Foto/ Depositphotos
