Top Sport

Хамилтон повторно зборуваше за „искушението“ да вози за Ферари

Луис Хамилтон секогаш ги „криел“ плановите за својата иднина и за тоа колку планира да остане во Формула 1, но пред Италијанското ГП на легендарната Монца признава дека желбата да се вози за Ферари секогаш постоела и покрај лојалноста кон Мерцедес.

Запрашан дали има нешто што би го привлекло да дојде во Маранело, тој беше јасен.

„Не знам дали се работи за искушение или за дел од планот. Претходно бев прашан како би се чувствувал да ја завршам кариерата без да возам за Ферари. И искрено, ако си дел од Мерцедес, дел си од фамилијата ако останеш со нив. Лојалноста и историјата се важни за мене, но ако би оценил дека е потребна промена, тогаш Ферари би биле опција. Не знам дали е така во моментов“, вели Хамилтон.

Scroll to Top