Top Sport

Герет Бејл го сменил односот, сега Зидан е „воодушевен“ од него

Зинедин Зидан е пресреќен од промената на односот кон клубот и работата на Герет Бејл и смета дека Велшанецот заедно со Еден Азар ќе биде клучен фудбалер за „новиот“ Реал Мадрид, тврди „ЕСПН“.

Овој пресврт доаѓа откако на 21 јули Зидан на прес-конференција изјави дека заминувањето на Бејл е „најдобро за сите“, но по пропаднатиот трансфер во Кина, ситуацијата се сменила и сега тренерот смета дека 30-годишниот Бејл работи понапорно на тренинг, а формата ја покажа со двата гола и асистенцијата во трите меча во Ла лига.

Зидан наводно бил импресиониран и од Хамес Родригез, откако Колумбиецот помина две години како позајмен фудбалер во Баерн Минхен, и двајцата ќе добијат шанса да покажат дека „созреале“.

Според „ЕСПН“, Зидан единствено жали што не успеал на „Бернабеу“ да го донесе Пол Погба, бидејќи не сметал дека „операцијата“ Нејмар ќе успее.

Scroll to Top