Top Sport

Хамилтон пред денешната трка: Ферстапен лесно ќе триумфира!

Вчера се одржаа спринт квалификациите за трката за ГН на Италија. На нив најдобро се снајде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас. Но сепак поради промената на погонската единица, нема да стартува прв на денешната трка.

Оваа привилегија му ја препушти на Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул и лидер во генералниот пласман.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе тргне од четвртата позиција, а меѓу него и Ферстапен се најдоа Даниел Рикардо и Ландо Норис.

„Ја видовте брзината на Ред Бул. Не знам дали Макс е побрз од Валтери, но многу се брзи. Сега уште има право и на стартна позиција. Би требало да е ова лесна победа за него, сигурен триумф“ рече Хамилтон.

Холанѓанецот и Британецот водат битка за титулата. До крајот на сезоната има уште 9 трки, а Ферстапен има 5 бодови повеќе.

Scroll to Top