Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната спринт трка, прва во историјата на Формула 1. Британецот, на голема радост на домашната публика на Силверстон, успеа да забележи подобар резултат од конкурентот од Ред Бул, Макс Ферстапен. Радоста на домашната публика ја надополнија Ландо Норис од Мекларен кој ќе стартува шестти и Џорџ Расел од Вилијамс кој на стартот во спринтот ќе биде осми.
Хамилтон, со најбрзиот круг 1:26.134 минути, ја прекина доминацијата во квалификациите која ја имаше Ферстапен на последните четири трки. Холанѓанецот, задоцни зад Хамилтон 0.075 секунди.
На третото место квалификациите ги заврши колегата на Хамилтон, Валтери Ботас. Финецот имаше послабо време од Хамилтон за 0.194 секунди.
Утрешниот спинт, веднаш до Ботас ќе го стартува Шарл Леклер од Ферари.
Зад нив следуваат Серхио Перез (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Даниел Рикардо (Мекларен), Џорџ Расел (Вилијамс), Карлос Саинц јуниор (Ферари) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).