Top Sport

Хамилтон пред Имола откри зошто Аиртон Сена е најдобриот

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон во интервју за италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“ пред трката овој викенд во Имола, патеката на која животот го загуби легендарниот Аиртон Сена, уште еднаш зборуваше за почитувањето кон својот тркачки идол.

„Кого почитувам најмногу од возачите? Дефинитивно Аиртон Сена, поради начинот на кој возеше и колку беше важен со совјот карактер. Неговото влијание беше огромно. Немав среќа да го запознаам, но љубовта која ја имаат луѓето кон него е видлива. Секако, почитувам и други возачи, како Михаел Шумахер, кој покажа неверојатна поврзаност со својот тим. Знам колку е тешко тоа да се постигне“, вели Хамилтон.

36-годишниот ветеран исто ги кажа своите идоли од други спортови.

„Кога бев млад, Мухамед Али беше мојот крал. Како спортист, активист и како голема личност. Тој беше најинтелигентниот и затоа знаеше да зборува. Серена Вилијамс исто така ја почитувам како една од најголемите спортистки во историјата, како и Тајгер Вудс“, додава Англичанецот.

Scroll to Top