Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон признава дека коментарите дека тој не одговорен за рекордните 91 победи во Формула 1 туку само болидот го болат, но признава дека до успехот се стигнува со тимска работа.
Хамилтон во неделата се израмни со Михаел Шумахер за најмногу победи во кариерата, рекорд кој најверојатно многу бргу ќе го помине. Меѓутоа, исто како и Шумахер пред него, Хамилтон е критикуван дека до победите стигнува премногу лесно поради супериорноста на болидот на Мерцедес.
„Тоа не е убаво да се слушне, но не се лутам. Знам дека тие што прават такви коментари едноставно не знаат. Во секој сегмент на животот, даваме погрешни мислења кога ги немаме сите факти“, вели Хамилтон.
Сепак, тој признава дека исто како успехот на Шумахер, и неговиот е резултат на тимска работа.
„Пред неколку години го зборуваа истото за Михаел, и за доминацијата со Ферари. Фактот е дека не работи еден човек, туку цел тим. Јас не ги кренав Мерцедес, исто како што Михаел не ги крена Ферари. Има толку многу луѓе кои работат и се работи за соработка. Како да имаш огромен компјутер зад себе, кој ти кажува колку е совршен болидот, но тука е и човечкиот елемент, како јас или Михаел. Некои работи не се прават автоматски, потребно е чувство, човечки допир“, вели Хамилтон.