Ф1 шампионот Луис Хамилтон верува дека неискуството на Макс Ферстапен ги чини скапо Ред бул рејсинг оваа сезона, откако по дуелот на Бахреин ГП трката во неделата го нарече „к.роглав“ својот ривал.
Возачот на Мерцедес се судри со 20-годишниот Холанѓанец во вториот круг на трката на патеката „Сакир“, по што Ферстапен се откажа од трката. Ферстапен има само 20 години и три победи зад него, а многумина го сметаат за еден од следните светски шампиони, но Хамилтон вели дека однесувањето на младиот возач не е најдобро.
#Hamilton vs #Verstappen – T1 incident #BahrainGP #F1
(via iichel/reddit) pic.twitter.com/UmU1RqDJl4— Franck Driver (@franckdriver7) April 9, 2018
„Ред бул имаат болид со кој треба да вадат добри резултати, но поради неискуство или незрели одлуки, не го прават тоа. Макс требаше да има добра трка. Да беше Фернандо Алонсо во болидот, ќе освоеше поени за Ред бул. Да бев јас во болидот, ќе освоев поени за Ред бул. Се надевам дека учи од овие ситуации. И јас го поминав истото кога бев помлад, така што знам како одат работите. Лесно е да се занесеш на патеката и да заборавиш да ги почитуваш другите на патеката“, вели 33-годишниот Хамилтон.
@F1 Hamilton watches a replay of Verstappen hitting his front wing… “He’s such a d*ck…” #BahrainGP @LewisHamilton @Max33Verstappen pic.twitter.com/woyRNC0t2k
— Patrick Hussion (@PatrickHussion) April 8, 2018
Од друга страна, Ферстапен, кој во понеделникот гостуваше на холандското ТВ-шоу „Пепток“, вели дека не му се лути на Хамилтон за грдите зборови.
„Се случуваат такви работи кога ќе излезеш од болидот. Полн си со адреналин, така што го сфаќам. Бев блиску до него и имаше шанса за претекнување која мислев дека е добра. Знаев дека можам да се борам со него“, изјави Ферстапен.
Фото: ЕПА