Светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, рекол дека би сакал да го продолжи договорот со Мерцедес, пред почетокот на летната пауза. Британецот, на 8.февруари, потпиша договор со Мерцедес до крајот на сезоната.
„Не сакам да брзаме, но мислам дека треба да бидеме разумни и да ги започнеме преговорите. Тоа се сложени разговори и се надевм дека ќе ги започнеме, се додека тоа нема да ни влијае врз работата“, рекол Хамилтон за Би-би-си.
Британецот не сака да се сака да се доведе во иста ситуација во која беше во финишот на минатата сезона. Тогаш, најпрвин тој, па потоа и тимскиот шеф Тото Волф беа во изолација поради коронавирусот, поради што двете страни доцнеа со потпишувањето на договорот.
„Никогаш не сакавме да бидеме во позиција во која се најдовме во јануари и февруари. Тоа ми ја расипа зимата, а сигурен сум дека и Тото не беше задоволен. Двајцата не можевме да се опуштиме“.
Хамилтон се надева дека новиот договор би можел да биде потпишан помеѓу трките во Унгарија и Велика Британија, кога во Ф1 ќе има пауза од три недели.
Британецот, во новата сезона, победи на три од четирите трки. Во генералниот пласман има 14 поени повеќе од Макс Ферстапен.