Top Sport

Хамилтон сака од Мерцедес во Ферари – Италијанците не прифаќаат!

Италијанскиот дневеник „Кориере дела Сера“ тврди дека Ферари ја одби понудата на британскиот Формула 1 пилот, Луис Хамилтон да прејде кај италијанскиот тим откако негова желба била кариерата да ја заврши токму во Ферари. Хамилтон со Мерцедес ги сруши речиси сите рекорди на Шумахер направени во Ферари, но сонот на 34-годишниот Британец најверојатно нема да се оствари.

Според информациите, Ферари се против доаѓањето на Хамилтон и Ферстапен во нивниот им затоа што имаат надеж дека Жарл Леклерк е иднината на Формула 1, па уште една ѕвезда, сметаат, дека не им е потребна.

Луис Хамилтон кој веќе има 80 победи во елитното автомобилско натпреварување и се доближива до шестата титула секако има намера да го напушти Мерцедес.

Тој е подготвен да го замени Ферстапен во Ред Бул, екипа која цела деценија произведува конкурентни болиди, па да немаше инфериорни возачи, претходните години ќе беше во борба за титулата.

Scroll to Top