Top Sport

Барселона на Пујол му нуди да биде спортски директор на клубот

Иако е роден во градчето Ла Побла де Сегур, 41-годишиот Карлес Пујол е икона на Барселона и еден од најголемите играчи во историјата на каталонскиот клуб.

Пујол ги помина сите селекции на клубот, а за првата екипа играше цели 15 години, од 1999 до 2014 година. Поголем дел од кариерата беше и капитен на клубот.

Беше врвен спортист, целата кариера ја помина на „Ноу Камп“ освојувајќи се што можеше да се освои. Како капитен ја предводеше и Шпанија до три најголеми трофеи во низа, што на никој претходно не му тргнало од рака.

Пујол беше поголем човек, отколку играч. Кај него немаше глума, непочитување на противник, на судии или на новинари, немаше сензационализми поврзани со него. Беше крал на фер-плејот.

Поради сето тоа, Управата на Барса му понуди место – спортски директор на клубот.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Пујол се уште размислува, но веруваат дека ќе го прифати предизвикот.

Scroll to Top