Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон вели дека се надева дека организаторите ќе им ги вратат парите на илјадниците фанатични фанови кои четири часа седеа на Белгиското ГП за да видат само два круга зад безбедносно возило.
Макс Ферстапен во Ред бул беше прогласен за победник на трката по повеќе од три часа одложувања поради силниот дожд во Белгија, а Хамилтон го доби третото место зад Џорџ Расел во Вилијамс, иако сите добиваат половина поени бидејќи не поминаа 75 отсто од трката.
„Навистина ми е жал за навивачите денеска. Секако, никој нема вина поради времето, но навивачите беа фантастични и останаа покрај нас чекајќи трка. Кога не пратија на патеката знаеја дека нема услови за трка, туку моравме да извозиме минимални два круга зад безбедносното возило. Се надевам дека ќе им ги вратат парите, бидејќи направија неверојатна атмосфера. Го заслужуваат тоа. Двата круга ги извозевме поради парите“, вели Хамилтон, кој сега има водство од 3 поени пред Ферстапен.
“I really hope the fans get their money back today.”
Lewis Hamilton was disappointed F1 fans could not witness the #BelgianGP today after it was eventually abandoned due to ?️#SkyF1 #BelgianGP ?? pic.twitter.com/TBAo1ZGljf
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) August 29, 2021