Луис Хамилтон пред стартот на одбраната на седмата Формула 1 титула во својата кариера се раздели со својот долгогодишен менаџер и близок пријател, Марк Хајнс, јавуваат британските медиуми.
Хамилтон цела зима се „натегаше“ со потпишувањето на новиот договор со Мерцедес, за на крај да потпише едногодишен договор, во кој ќе ја брка рекордната осма светска титула. Колку во овие преговори имал влијание Хајнс не е познато, но сега тој нема да биде дел од проектот.
Хајнс стана менаџер на Хамилтон пред седум години, кога Британецот реши да го отпушти сопствениот татко, Ентони од оваа позиција по личните несогласувања. Хајнс беше директор на „Проектот 44“, заедничката компанија на Хајнс и Хамилтон.