Top Sport

Крос: Руса коса, сини очи, им бев совршен нацист

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос открива дека многу луѓе го нарекувале „нацист“ откако не се согласувал со начинот на кој Месут Озил се повлече од германската репрезентација.

Озил тврдеше дека постои „расизам и непочитување“ во соблекувалната на германската репрезентација и во Германската фудбалска федерација (ДФБ), посочувајќи дека е „Германец кога ќе даде гол, но имигрант кога нема да го направи тоа“. Крос беше еден од тие кои не се согласуваа со ваквата оценка на Озил.

„По Светското првенство во 2018 кажав дека не ми се допаѓа начинот на кој Месут Озил се однесуваше, и поради тоа за многу луѓе бев нацист. Руса коса, сини очи, совршено за многу луѓе. Но, поминав покрај тоа. Секој може да се крие зад лажен профил и да навредува без никаков проблем“, изјави Крос на средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за борба против онлајн навредите.

Scroll to Top