Top Sport

Хамилтон: Што да правиме кога завршуваме добра работа?

Светскиот шампион во Ф1, Луис Хамилтон одговори на обвинувањата дека спортот станал досаден, откако тој во Барселона во неделата ја донесе петтата 1-2 победа за Мерцедес во првите пет трки од сезоната, и посочува дека не е вината кај нив што си ја завршуваат добро работата.

Хамилтон јасно праќа порака дека Ферари, Ред бул и другите ривали треба да се обидат да завршат подобра работа и да ги предизвикаат возачите на „сребрената стрела“.

„Лесно е да се остане фокусиран, но позабавно е кога се натпреваруваш против друг тим, бидејќи тоа е суштината на Формула 1. Кога ќе дојдеш и не се натпреваруваш против другите кои се во добра форма е сосема поинаку. Формула 1 не треба да е таква, но во моментов е, и не е првпат. Но, не е наша грешка што нашите момци се добри во тоа што го работат“, вели Хамилтон за „Креш“.

Scroll to Top