Top Sport

Ривалдо: Можеби е време Гвардиола да се врати во Шпанија

Откако Манчестер сити по вторпат ја освоија Премиер лигата, стариот пријател на Пеп Гвардиола, бразилската легенда на Барса, Ривалдо вели дека можеме тренерот наскоро да го видиме назад во татковината.

Гвардиола, кој беше прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата, ги отфрлува шпекулациите за заминување од „Етихад“ уште од март, кога се тврдеше дека ќе оди во Јувентус и најави дека сака да остане во Манчестер, но Ривалдо вели дека Каталонецот сака да е со своето семејство и пријателите, и затоа ништо нема да изненади.

„Манчестер сити станаа подобар тим по доаѓањето на Пеп Гвардиола и освојување на две титули во толку силна лига значи дека тој е дел од историјата на клубот. Мора да им се честита за тесната битка со Ливерпул, бидејќи до успехот не се стигнува лесно. Кога играв со Пеп, тој во соблекувалната велеше дека ќе стане менаџер, но никогаш не сметав дека ќе биде толку добар со сите клубови. Пеп секогаш имаше амбиција и тој е несомнено еден од најдобрите менаџери на светот.  Верувам дека и покрај задоволството на ’Етихад’, добра понуда од Шпанија ќе го заинтересира. Тој не сака да е долго без семејството, и ќе му помогне да биде дома“, вели Ривалдо.

Scroll to Top