Top Sport

Хамилтон си купи уште еден стан на Менхетен за 40 милиони долари!

Петкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон си купил стан во Менхетен за фантастични 40 милиони долари, објавува „Вол стрит џурнал“, и тоа во близина на уште едниот стан кој го има во квартот Трибека во Њујорк.

Според „Џурнал“, Хамилтон го купил станот на улицата Вестри број 70, зграда која е во делумна сопственост на НФЛ квотербекот Том Брејди, кој интересно, беше гостин на Хамилтон и на Ф1 на Монако ГП трката минатата година.

Хамилтон претходно си купи стан со 5 спални за 43 милиони евра на Гринич стрит 433, во непосредна близина на неговиот нов стан.

Хамилтон официјално има престојувалиште во Монако, каде што поседува стан во блокот згради каде што се сместени повеќе Ф1 возачи, но Британецот секогаш патувал низ целиот свет, дури и кога не се трка.

Scroll to Top