Top Sport

Хамилтон со „пештерски“ изглед пред враќањето на работа

Шесткратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон на социјалните мрежи ја покажа својата зачудувачка трансформација, покажувајќи „бушава“ фризура наместо неговиот елегантен стил како досега, и тоа пред враќањето на работа на зимското тестирање со Мерцедес пред последната сезона во која има договор со „сребрената стрела“.

„Работа на пештерски човек“, напиша 35-годишниот Британец на Инстаграм со фото од неговиот нов изглед.

Договорот на шампионот од 40 милиони фунти годишно завршува во декември, и шпекулациите велеа дека во Мерцедес не се задоволни од неговото барање за дополнителни 15 милиони годишно, плус амбасадорска улога по пензионирањето, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе замине во Ферари.

На денешната презентација на новиот болид на Мерцедес, Хамилтон не беше присутен, но шефот Тото Волф изјави дека е логично да се продолжи договорот.

„Мислам дека тоа се работи за очигледен пар. Би сакале да го имаме најбрзиот возач, а знаеме дека Луис сака да биде во најбрзиот болид“, изјави Волф.

View this post on Instagram

Caveman ting?

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on

Scroll to Top