Top Sport

Деле Али се извинуваше поради потсмевањето со Азијците (видео)

Фудбалската асоцијација (ФА) потврди дека го истражува случајот со контроверзното видео на ѕвездата на Тотенхем, Деле Али, во кое тој се потсмева со еден Азиец поради коронавирусот, и најверојатно ќе добие суспензија за невнимателното видео.

Во видеото 23-годишниот Али прво со маска на лицето го снима Азиецот, а потоа бргу покажува на фотографија на течен сапун: „Овој вирус ќе треба да биде побрз од тоа да ме фати“, напиша Али.

Дека ситуацијата е сериозна, Али сфати подоцна и потоа објави извинување преку кинеската социјална мрежа „Веибо“: „Сакам да се извинам за видеото кое го поставив на ’Снепчет’. Тоа не беше смешно. Го сфатив тоа веднаш и го симнав. Знам дека го разочарав клубот и не сакам луѓето да имаат таков впечаток за мене. Тоа не беше тема за шега“, вели Али.

Scroll to Top