Top Sport

Хамилтон со пол-позиција во Џеда, Ферстапен е трет – Ботас меѓу нив!

Квалификациите во Џеда, Саудиска Арабија донесоа пол позиција за Луис Хамилтон пред утрешната трка.

Британецот стигна до привилегираната позиција благодарение на грешката на Ферстапен кој возеше мошне брзо во последниот дел од квалификациите, имаше време кое му гарантираше пол-позиција, но на стотина метри пред целта – се удри во оградата.

Со тоа, практично му ја пропушти пол позицијата на големиот ривал пред утрешната многу важна претпоследна трка во сезонава.


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас заврши втор на денешните квалификации, а Ферстапен утре ќе стартува како трет, зад двата болиди на Мерцедес.

Место во вториот ред обезбеди и Леклер од Ферари, а во првата десетка имаше место и за Перез, Гасли, Норис, Џунода, Окон и Џовинаци.

Очекувањата се утре да има суперинтересна трка на ГН на Саудиска Арабија, чиј почеток ќе е во 18:30 часот.

На две трки пред крајот на шампионатот, Ферстапен има 8 бодови предност пред Хамилтон во генералниот пласман.

Scroll to Top