Top Sport

И со Чави не им оди – Барса распродава бодови

Нов неуспех на екипата на Барселона во шпанската Ла Лига и тоа на својот „Ноу Камп“. Пораз со 1-0 од третопласираниот на табелата – Реал Бетис.

Иако статистиката покажува дека Барселона беше подобар противник, сепак пулените на Чави Ернандез повторно ги разочараа своите фанови оваа сезона. Ова за новиот кормилар на каталонскиот клуб беше првиот пораз.

Единствениот погодок на мечот беше дело на Хуанми во 79 минута по асистенцијата на Тело.

Истиот играч ја затресе мрежата на Тер Штеген и во 53 минута, но голот беше поништен поради офсајд.

Кај домаќините најрасположен за игра беше Дембеле, но трите негови обиди во второто полувреме завршуваа покрај голот.

По 15 одиграни кола, Барселона е на седмата позиција со 4 порази и 23 освоени поени.

Scroll to Top