Луис Хамилтон со нов рекорд на патеката во Сочи ја избори пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Русија. Во финишот на квалификациите Британецот го постави најдоброто време 1:33.304 минути. Квалификациите во Сочи ги обележа излетувањето на Себастијан Фетел во втората сесија, поради што беше истакнато црвено знаме.
Хамилтон на врвот имаше за повеќе од половина секунда подобар резултат од Макс Ферстапен (ред Бул) и тимскиот колега Валтери Ботас. До Финецот од вториот ред ќе стартува возачот на Рејсинг Поинт Серхио Перез.
Место меѓут првите десет мина настарото обезбедија и Рикакрдо, Саинц, Окон, Норис, Гасли и Албон.
Квалификациите минаа во знакот на Себастијан Фетел кој во финишот на втората сесија го искрши својот болид поради што беше истакнато црвено знаме и квалификациите бие во прекин десетина минути.
Во Русија Ферари имаше уште едни разочарувачки квалификации, Леклер и Фетел повторно не успеаја да се пласираат во третата сесија.