Луис Хмилтон ќе стартува од пол-позицијата утрешната трка за Големата награда на Италија. Британецот ја освои пол-позицијата со нов рекорд на патеката 1:18.887 минути. Хамилтон ја освои 94 пол-позиција во кариерата, вкупно рекордна седма пол-позиција во Монца.
Доминацијата на Мерцедес на патеката во Монца ја потврди Валтери Ботас кој го освои второто место. Зад клупскиот колега Ботас задоцни 69 илајдити делови од секундата.
Ха,илтон и Ботас уште еднаш покажаа дека се недостижни за конкурентите. Најблску до нив беше Карлос Саинц јуниор од Мекларен кој имаше послабо време од Хамилтон за 800 илјадити делови од секундата. Вториот ред го комплетираше Серхио Перез од Рејсинг Поинт.
Макс Ферстапен се мачеше во квалификациите на крајот стигна до петтото место, а до него е Ландо Норис од Мекларен.
Во првите десет пласман изборија Даниел Рикардо од Рено, Ленс Строл од Рејсинг Поинт, Александер Албон од Ред Бул и Пјер Гасли од Алфа Таури.
Повторно разочараа возачите на Ферари, домашната трка Шарл Леклер ќе ја стартува од 13, а Себастијан фетел од 17 позиција.