Top Sport

Хамилтон со стариот мотор победил во Катар

Луис Хамилтон, во неделата, победи на Големаа награда на Катар со стар мотор, а не со погонската единица која ја користеше на Големата награда на Бразил.

Хамилтон, во Катар, најпрвин ја освои пол-позицијата, а потоа без проблеми победи во трката.

„Од последните три трки, во Катар има најмалку правци. Патеката е составена од брзи свиоци и тука моќта на моторот не игра клучна улога. Поради тоа ја користевме старата погонска единица“, рекол инженерот Ендрју Шовлин.

Мерцедес најави дека на последните две трки во Саудска Арабија и Абу Даби, Хамилтон ќе вози со новиот мотор.

Scroll to Top