Top Sport

„Меси засрами се “

Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт, жестоко го критикува Лионел Меси за она што го одигра во дербито со Манчестер сити.

ПСЖ, забележаа пораз во Манчестер (1:2), со што им овозможија на „граѓаните“ да ја обезбедат првата позиција во групата.

Меси од „Екип“, доби четворка, на скалата од 1 до 10. Аргентинецот никако не може да ја пронајде витинската форма.

„Меси, ако не постигне гол или не асистира, изгледа лошо на теренот. Овој натпревар го одигра лошо. Роналдо се бори на теренот, сака да го однесе тимот до победа. Меси шета по теренот и се прашувам како не се срами? Тоа ме нервира. Таков играч повеќе нема да се роди. Ова започна кај Куман, делува како повеќе да не му се игра“, рекол Ван дер Варт.

Scroll to Top