Еден човек, шест Ф1 шампионски болиди. Седумгодишната соработка на Луис Хамилтон со Мерцедес донесе 64 победи и пет светски титули, и во посебно видео на својот Јутјуб канал, Мерцедес му оддаде почит на човекот кој ги направи шампиони со посета на сите шест шампионски болиди, вклучувајќи го и Мекларен МП4/23, со мотор на Мерцедес.
„Како да патуваш низ историјата, нели? Лудо е да се помисли дека поминаа толку работи. Уште се сеќавам кога бев на мерење за седиштето за првата сезона со Мерцедес и сега веќе сме осум години заедно. Ги гледаш овие стари болиди кои изгледаат толку свежо, но технологијата оди со големи чекори напред. Ова ме потсетува на најдобриот период во мојот живот“, вели Хамилтон.