Top Sport

Хамилтон: Тинејџерите покажуваат дека болидите се лесни за возење

Светскиот шампион Луис Хамилтон смета дека сегашната Формула 1 не е доволно физички напорна и се надева дека со промената на правилата во 2021 година ќе се смени и ова.

Тој посочува дека не е добро за Ф1 што 18-годишник може да влезе во модерниот Ф1 болид без проблеми,  откако Лендо Норис во Мекларен со 19 години стана третиот најмлад возач со старт во Ф1 минатата година, а тестерот на Мерцедес, Никита Мазепин на 18 години беше најбрз на тестирањето за Мерцедес.

Хамилтон го посочи ова на прашање колку често Ф1 возачите одат на допинг-тестови, посочувајќи дека за разлика од другите спортови допингот не би функционирал во тркањето.

„Тестирањето е случајно, понекогаш трипати годишно, понекогаш помалку. Имаше и моменти кога се случува надвор од сезоната, додека си на одмор, по хотели. Но, во нашиот спорт не би добил ништо ако имаш повеќе крв низ срцето или повеќе кислород. Ние не се заморуваме, болидите воопшто не се тешки за возење сега. Мислам дека во 2021 година мора да го сменат тоа, бидејќи порано од Ф1 трка возачите излегуваа исцрпени и таков мора да биде овој спорт. Сега 18-годишник доаѓа и вози без проблеми. Не смее да е така“, вели Хамилтон.

Scroll to Top