Top Sport

Бејл веќе го имаше „спакувано“ куферот?

Реал Мадрид катастрофалната сезона ја заврши со 0:2 пораз дома од Реал Бетис, а шанса да влезе во игра не доби Герет Бејл, за кого многумина се шегуваа дека веќе го „спакувал“ куферот за заминување, откако на клупата беше забележан со еден куфер.

Шпекулациите велат дека Велшанецот веќе се договорил за враќање во својот стар клуб Тотенхем, каде што Реал би го пратиле како позајмен фудбалер, бидејќи англискиот клуб не е подготвен да ги плати очекуваните 100 милиони евра за негов постојан трансфер.

Зидан очигледно не сакаше да му даде шанса да се збогува со публиката на „Сантијаго Бернабеу“ јасно праќајќи порака дека не е во неговите планови. Од друга страна, публиката при 0:2 резултат секако немаше да го пречека со аплаузи.

Scroll to Top