Top Sport

Хамилтон: Титулата е за Ники Лауда

Луис Хамилтон титулата меѓу конструкторите што вчера ја освои Мерцедес му ја посвети на легендарниот Ники Лауда.

Мерцедес вчера стана првиот тим во историјата со шест последовни титули меѓу конструкторите.

Големи заслуги за таквите резултати има легендарниот Лауда кој почина во мај оваа година. Лауда во Мерцедес пристигна во 2012 година откако екипата во три претходни сезони остварила само една победа.

Ники Лауда имал и големо влијание во трансферот на Хамилтон во Мерцедес.

„Чувството е поинакво. Не можам да кажам дека сум среќен како претходни, ние оваа година останавме без Ники. Без него ништо не е исто. Горд сум на тимот, на сите во фабриката. Занм дека и Ники би честитал. Оваа победа е за него. Целиот тим, целиот Мерцедес го мисли ова“, рекол Хамилтон и дополнил.

„Секој пат кога ќе влеземе во гаражата ги гледаме неговите слушалки и беговата црвена капа…Знам дека ќе биде горд исто како и неговото семејство. И овој тим треба да се гордее“, дополнил петкратниот светски шампион.

Scroll to Top