Top Sport

Хамилтон: Титулата ќе вреди уште повеќе оваа сезона

Актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон вели дека повторувањето на титулата во 2018 година ќе значи „многу повеќе“ бидејќи неговиот тим Мерцедес има вистински предизвик од Ферари и Ред бул.

Минатата година Британецот постојано зборуваше дека е задоволувачки да се бори со Себастијан Фетел во Ферари откако три сезони беше вклучен во борба единствено со својот клупски колега, Нико Розберг.

Ферари оваа година се уште посилни откако остварија две победи во првите три трки, а третата отиде кај Даниел Рикјардо во Ред бул.

„Никој не знае што ќе донесе сезоната. Но, ако продолжи вака ќе биде исклучително тешко да се стане шампион. Но, ако постои можност, би сакале да завршиме на врвот, бидејќи тоа ќе значи многу повеќе кога е потешко да се победува“, вели Хамилтон за „Аутоспорт“.

По тешкиот викенд во Кина, тој уште еднаш повтори дека Мерцедес го немаат најбрзиот болид во моментов.

„Целта останува исто, но јасно е дека не сме најбрзи. Дури загубивме перформанси од Мелбурн, така што сме само трет или четврт најбрз тим во моментов и мораме да го подобриме болидот. Знам дека сите во фабриката работат напорно, а и лани се вративме по тешкиот старт“, додава Хамилтон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top