Top Sport

Торцида почна да ги тепа фудбалерите на Хајдук

Еден ден по поразот од Динамо во хрватското дерби со 1:2, во центарот на Сплит биле нападнати фудбалерите на Хајдук, а Марко Футач дури добил клоци во глава, открива хрватски „Индекс“.

Футач, Хамза Бери, Савас Генцоглу, Хисен Мемола и Ахмед Саид биле на прошетка низ убавиот град, и кога поминувале до боксерскиот клуб „Торцида“, од внатре излегле неколку луѓе и го нападнале Саид поради слабата игра и клучната грешка по која Динамо стигна до победата.

Неговите соиграчи застанале во негова одбрана, но во туркањето, еден од навивачите го удрил унгарскиот напаѓач со нога во главата.

Ова доаѓа откако Хајдук во дербито со Динамо најверојатно ги загуби шансите за титулата, но и откако Торцида успеа да го смени претседателот на клубот Иван Кос, обвинувајќи го дека ги поткупува судиите. Футач беше еден од фудбалерите кои застанаа зад Кос.

Scroll to Top