Top Sport

„Хамилтон треба да побара од Ферари да го исплати и потоа да се пензионира

Берни Еклстоун (94) му порача на Луис Хамилтон веднаш да се повлече од Формула 1 и да побара исплата на целиот договор со Ферари пред „нешто лошо да му се случи“, пишува „Дејли Мејл“.

Остриот совет доаѓа во време кога иднината на Хамилтон е неизвесна по катастрофалната трка за Големата награда на Унгарија минатиот викенд.

Откако се квалификуваше на скромното 12-то место, додека колегата од Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата, седумкратниот светски шампион се нарече себеси „апсолутно бескорисен“ и предложи Ферари да го замени.

Хамилтон остана зад тие коментари откако заврши на 12-то место во трката, но посочи дека веројатно ќе се врати по кратката летна пауза на Големата награда на Холандија на 31 август.

„Луис е многу талентиран, беше и веројатно сè уште е. Но, како и многу вврвни спортски личности кога ќе стигнат до врвот, има само една насока, и тоа не е добра насока. Се оди надолу“, рече Еклстоун.

„Се заморува. Луис е уморен. Го прави она што го правел отсекогаш. Му треба пауза од тоа, целосно ресетирање, треба да прави нешто сосема друго. Можеби не мисли така, но ќе се навикне да прави други работи надвор од автомобилизмот во пензија. Мислам дека требаше да го направи тоа. Човекот не е измамник. Но, би се измамил себеси ако продолжи. Треба да престане сега“, додаде познатиот Британец.

Хамилтон ја одбработува првата од трите години во Ферари. Пристигна во Маранело од Мерцедес. Инаку според договорот зарабитува 60 милиони фунти годишно.

Но, на 40-годишна возраст, тој се бори да ги повтори успесите од своите помлади денови. Еклстоун, кој го помина викендот тркајќи во Будимпешта, беше јасен.

„Да бев Луис, ќе му кажев на Ферари дека сакам да ми биде исплатен договорот. Го потпишаа затоа што мислеа дека може да ја заврши работата. Не би сакал ништо лошо да му се случи на Луис. Тој не се бори за светската титула и е во фаза од својот живот каде што не би му вредело да помине две години врзан за кревет со скршен грб или нешто друго непријатно. Нема потреба да презема повеќе ризици. Тој освои седум светски титули и тоа е доволно“, заклучи Еклстоун.

Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман на возачи.

Foto/ EPA/Boglarka Bodnar

Scroll to Top