Top Sport

Хамилтон уште „сонува“ за Ферари?

Новокрунисаниот петкратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон во својата кариера возел за само два тима – Мекларен и Мерцедес, но никогаш не криел дека има љубов и кон најстариот и најпознатиот Ф1 тим, Ферари.

По четири титули со Мерцедес, Хамилтон признава дека заминување од тимот би било многу тешко и дека постои лојалност кон „Сребрената стрела“, но како и кај речиси секој Ф1 возач, постои прикриена желба да се биде зад воланот на Ферари.

„Во моментов, многу е тешко да се замислам во некој друг тим. Ова е моето семејство, ова е тимот каде што израснав, но во исто време го велев истото додека бев и во Мекларен. Една од причините поради која заминав од Ферари беше да видам дали можам да направам нешто посебно на друго место. Јас лично знаев, но морав да им докажам на другите. Во моментов не чувствувам таква потреба, но никогаш не вели никогаш“, вели Хамилтон.

Шпекулациите велеа дека неговиот најголем ривал за титулата последните две сезони, Себастијан Фетел имаше пред-договор за трансфер од Ферари во Мерцедес за 2018 година, но по забележувањето на прогресот во Ферари реши да остане. Останува можноста во блиска иднина да имаме чист „трансфер“ – Фетел за Хамилтон?

Scroll to Top