Top Sport

Занети: Меси повеќе го ценат надвор од Аргентина

Легендата на Интер и актуелен потпретседател на клубот, Хавиер Занети во интервју за шпанската „Марка“ вели дека неговиот аргентински сонародник Лионел Меси има огромно влијание низ цел свет, но тоа најмалку се чувствува во нивната татковина.

Меси по катастрофалниот настап за Аргентина на Светското првенство во Русија реши да земе подолга пауза од репрезентацијата, и Занети смета дека во неговата татковина недостасува вистински фудбалски проект.

„Ни недостасува вистински проект и постојан тренер кој ќе ги постави работите на своето место. На Аргентина никогаш не и недостасувале добри фудбалери, но за работите да се движат во вистински правец потребна е работа. Притисокот кој го имаше претходната генерација беше поради трите загубени финалиња. Меси е толку голем фудбалер, што мораме да сметаме на него. Аргентинците како да не сфаќаат што значи Меси за целиот свет“, вели Занети.

Занети, кој беше капитен на „нераѕурите“ и помина 19 сезони во клубот, исто така зборуваше за амбициите на новиот Интер.

„Имаме многу работа пред нас, иако растоте е задоволувачки посебно по кинеската инвестиција. Интер помина низ тешки години, но по доаѓањето на Сунинг, имаме нова структура на тимот. За да функционираат работите на теренот, мора да функционираат и надвор од него. Затоа сме опкружени со луѓе кои знаат што е Интер. Јас работам на равојот на брендот, социјалното влијание и интернационалните односи за да се врати стариот сјај. Квалификувањето за ЛШ е само стартот“, најавува Занети.

Scroll to Top