Луис Хамилтон, конечно го ја обнови соработката со Мерцедес. Британецот, потпиша договор со овој тим до 2022 година.
Хамилтон, според условите од договорот, годишно ќе заработува 40.000.000 фунти, што е за 5.000.000 фунти повеќе од претходниот договор.
Интересно, ова ќе биде последниот ваков договор во Формула 1, бидејќи по завршувањето на сезоната 2022, платите на возачите ќе бидат ограничени.
Луис Хамилтон е во Мерцедес од 2013 година, со овој тим освои шест од своите седум титули во Формула 1.
Мерцедес потврдија и дека Тото Волф ќе остане шеф на тимот и извршен директор и во наредните три години.