Возачот на Мекларен, Британецот Луис Хамилтон вели дека е во просечна форма во досегашниот дел од сезоната иако е водечки по 6 трки во Формула 1.
Петкратниот светски првак во Ф1 сезонава имаше 4 победи.
„Прикажав просечна форма, можеби малку над тоа. Дојдов подготвен, но во смисла на вадење на најдобрите перформанси на болидот, по малку се мачев“ – рече Хамилтон.
Британецот кој на последната трка во Монако тргна од пол позицијата вели дека Мекларен има уште многу работа кога се работи за подесување на возилата.
„Очекувам дека работите ќе бидат подобри за нас. Се надевам дека ќе можам да ја вратам формата која ја имам во себе. Не можам да кажам дали тоа ќе биде во наредната трка или по 10 трки од сега, сепак концентриран сум на тоа, ќе се вратам во ритам“ – смета пилотот на Мекларен.
Хамилтон е прв во генерален пласман со 137 бода, втор е Ботас со 120, а трет пилотот на Ферари, Себастијан Фетел со 82 бода.
Наредната трка во шампионатот на програмата е на 9.јуни за Големата награда на Канада.