Top Sport

Репрезентативниот голман Митревски го засилува Еурофарм Работник

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски е ново засилување за битолски Еурофарм Работник.

Како што клубот објави на интернет страницата, 33-годишниот голман по две години поминати во романска Доброгеа Суд, се враќа во родната Битола и наредната сезона, во која клубот обезбеди историски пласман во СЕХА лигата, ќе биде големо засилување меѓу стативите. Конкуренција во тимот ќе му бидат голманите Благоја Трајковски и Градимир Чаневски.

Митревски својата кариера ја започна во Пелистер, а играше и за Вардар, Металург, Бенфика и Доброгеа Суд.

Scroll to Top