Top Sport

Хамилтон воодушевен од прогресот на Леклер и Норис

Луис Хамилтон вели дека сака да им помогне на своите млади ривали како Шарл Леклер и Лендо Норис, бидејќи треба да направат чекор напред за да можат да станат шампиони.

Хамилтон со своите 37 години е вториот најстар возач во Формула 1 зад „вечниот“ Фернандо Алонсо и неодамна потврди дека би сакал да го продолжи договорот со Мерцедес, кој му истекува на крајот на сезоната 2023.

„Младите момци имаат многу талент. Се сеќавам кога јас почнував и мислев дека можам да ги победам сите, така што ја знам ситуацијата во која се наоѓаат. Се обидувам да работам на односите со нив и да ги поддржам, бидејќи знам колку е тешко во некои од тие тимови. Кога сте во раните 20-ти, не знаете што смеете или не смеете да кажете и како да се однесувате, туку имате само чиста сила, талент и способност. Интересно е да се гедаат Лендо и Шарл, кои прават големи чекори напред“, вели седумкратниот светски шампион.

Scroll to Top