Top Sport

Португалскиот селектор заборавил кои фудбалери ги има на клупата

Португалскиот селектор, Фернандо Сантош му се извини на дефанзивецот на Лил, Тијаго Џало, признавајќи дека заборавил дека го има на клупата за мечот од Лигата на нации против Чешка, кој Португалците го добија со 4:0.

Сантош го замени Данило со Жоао Марио во финишот на мечот, по што го префрли Жоао Палиња да игра во одбраната. По мечот, тој призна дека згрешил и дека требал да го внесе 22-годишниот Џало како дефанзивец, велејќи дека заборавил дека му е достапен како замена.

„Заборавив дека го имам Тијаго Џало на клупата, и му се извинувам. Тој требаше да влезе во игра во тој момент и имам целосна доверба во него. Кога Жоао Марио се подготвуваше да влезе во игра ми дојде идејата да го префрлам Палиња во одбран“, вели 67-годишниот Сантош.

Scroll to Top