Top Sport

Хамилтон за квалификациите во Монте Карло: Катастрофа, ужас

Актуелниот светски првак и лидер во поредокот во шампионатот на Формула 1, имаше катастрофално време, за негови стандарди, пред трката за Големата награда на Монако. Утрешната трка на патеката во Монте Карло, Хамилтон ќе ја започне од седмото место.

Пол-позивцијата ја освои Шарл Леклер од Ферари пред Макс Ферстапен од Ред Бул и Валтери Ботас од Мерцедес. На стартот пред Хамилтон ќе бидата и Карлос Саинц, Ландо Норис и Пјер Гасли.

„Во четвртокот не беше лошо, но направивме некои промени и во квалификациите сето тоа беше катастрофално, ужасно. Ботас очигледно успеа да извлече нешто повеќе од својот болид, но денес ние дефинитивно имавме проблеми. Ове е речиси невозможно да се претекнува, така што…“, рекол Хамилтон.

Scroll to Top