Top Sport

Зидан не е сигурен дали заминува од Реал

Реал Мадрид, во лудото последно коло не успеаја да ја одбранат титулата во Ла Лига. Трофејот се пресели во двор на Атлетико Мадрид.

Дуелот, против Виљареал (2:1), би можел да биде последен за Зинедин Зидан, во неговиот втор мандат на клупата на Реал.

Медиумите неколку недели најавуваат дека Зидан ќе го напушти клубот.

„Нема сам да ја донесам таа одлука. Во деновите што доаѓаат ќе разговарам со луѓето од клубот. Заедно ќе ја донесеме таа одлука“, рекол Зидан по натпреварот со Ваљадолид.

Медиумите шпекулираат дека главни кандидати за клупата на Реал се Раул и Масимилијано Алегри.

Scroll to Top